СДСМ: КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ НА МИЦКОСКИ БЕА ОРГАНИЗАТОРИ НА СРАМНАТА ПОСЕТА НА КУРТИ

0
951

Сите одговори на прашањата околу вчерашните настани во Скопје и Тетово треба да ги даде Христијан Мицкоски.

Неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ се организатори на настаните во Скопје и Тетово.

Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.
Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.

Јавноста знае дека Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата. Ако денеска ДПМНЕ е наводно згрозена од неговото дејствување нека му се обрати директно. Како партијата наследник на соработникот на фашизмот Ванчо Михајлов, ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува ниту за историјата, ниту за сегашноста, а најмалку за иднината на државата.