ЛАВРОВ НЕ ТЕРА ДА ИМ ОБЈАВИМЕ ВОЈНА НА СИТЕ ВО РЕГИОНОТ : МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ОНЕПРАВДАНИ И СО БУГАРИЈА И СО ГРЦИЈА ПА И СО АЛБАНЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВА

0
438

Не сум експерт за односите Македонија-Бугарија. Но знам едно, македонските граѓани имаат целосно право да делуваат рамноправно во сите активности на заедничкиот континент. Ако даваме генерална оценка, не само за односите Македонија-Бугарија, туку и другите балкански проблеми, коренот на проблемот лежи во однесувањето на Западот“, порача Лавров.

За Македонија, вели дека со години била нарекувана ПЈРМ и имала „понижувачко име“, а додаде и дека знае и како ја добила придавката „Северна“.

„Знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Знаеме што е вистината – немате територијална претензија кон Грција или други држави. Јас се сеќавам дека претседателот на македонското Собрание правеше фотографии со албанско знаме во седиштето на Парламентот. Јас оправдувам етничките групи на Балканот да живеат мирно едни со други. Западот ги подбуцнува народите едни против други“, рече Лавров.