НА 2 АПРИЛ Е ЗАКАЖАНО СУДЕЊЕТО НА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА

0
200

„Во Основен суд Куманово, на 04. март 2024 година, од страна на Основно јавно обвинителство Куманово е поднесен Обвинителен предлог против лицето Максим Димитриевски од Куманово, за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст. 5 в.в. со ст. 4 в.в. ст. 1 од КЗ. По прием на предметот во Судот преку автоматска распределба на предмети преку АКМИС системот предметот е распределен за работа на судија“, одговорија тогаш од Кумановскиот суд за Кумановоњуз.

Димитриевки обвини дека против него се води хајка од актуелната власт во предизворниот период. Тој е кандидат за претседател на државата предложен од партијата ЗНАМ.

Извор : kumanovonews