Царовска од трибината Агенда Млади : Во 2020 година издвојуваме 1.3 милијарди денари за самовработување, парите ги насочуваме кон младите

0
1023

Во 2020 година издвојуваме 1,3 милијарди денари за самовработување. Парите ги насочуваме кон младите. Оваа година се издвоени 1,1 милијарди денари, кои со пораснаа на 1,3 милијарди. Се надевам дека до 2021 година можеме да стигнеме и до 2 милијарди денари за овие мерки, истакна потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, на трибината Агенда Млади 2020-24.

Царовска додаде дека е важно државата да вложи во секое младо лице, кое сака да започне свој бизнис. Дополнително, Царовска истакна дека враќањето на довербата на младите кон институциите е многу важна за младите да се вклучат и да ги искористат мерките кои што се за нив.

Затоа ние создаваме функционални институции и поддржавме 1.782 лица со средства од 5.000 до 10.000 евра, ги поврзавме со Фондот за иновации, за тој бизнис да стане поцврст и да вработува други лица. Тоа се развојни политики кои создаваат шанси за младите и ја враќа довербата кај младите, искана Мила Царовска, потпретседателка на СДСМ и министерка за труд и социјална политика на денешната трибина на СДСМ Агенда Млади 20-24 во Скопје.