БОРЕЛ : ПРЕПОРАКАТА НА ЕК ЗА ОТВОРАЊЕ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО БИХ Е ПОРАКА ЗА ПОДДРШКА НА СИТЕ ГРАЃАНИ

0
118

Борел на Х напиша дека Босна и Херцеговина треба да продолжи со „позитивна динамика на реформскиот пат“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека ќе препорача отворање на пристапни преговори со Босна и Херцеговина, која, како што рече, постигнала импресивен напредок.ЕК, исто така, ги финализираше предлозите за нацрт-рамките за преговори со Украина и Молдавија, кои ќе бидат доставени до Советот.

– Ја поздравувам нацрт-преговарачката рамка за Украина и Молдавија. Украина се бори за своето постоење од 2022 година. Молдавија се соочува со хибридни напади од Русија. И покрај сè, двете земји постигнаа значителен напредок во реформите за пристап во ЕУ, напиша Борел.