ШЕКЕРИНСКА: ПАЗАРОТ НА НАТО СЕ ОТВОРА ЗА НАШИОТ ИНФОРМАТИЧКИ СЕКТОР

0
176

“Агенцијата за информации и комуникации при НАТО денеска пред неколку наши компании и експерти по информатички технологии ги презентираше можностите за учество на тендери за стручна поддршка на деловните процеси на Алијансата, во делот на комуникациски и информатички системи, сајбер одбрана, платформи или вкупно околу 150 сервиси” – информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил.