МУ ОТКРИ ЛИ 360 СТЕПЕНИ ВИЛА НА ХАЛКИДИКИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИК ДАШТЕВСКИ КУПЕНА ПРЕД ПОЛОВИНА ГОДИНА НА ИМЕ НА НЕГОВАТА ТЕШТА?!

0
669

– Куќа во местото Елани на Халкидики од пред половина година е на име на тештата на актуелниот претседател на ДИК. По овластување од 75-годишната пензионерка од Куманово купопродажбата ја водел и заокружил зетот Александар Даштевски;

– Фотографијата на смејството Даштевски од Елани денеска исчезна од фејсбук-профилот на претседателот на ДИК. Дополнително, официјалната вредност на куќата од 111 квадрати е 110 илјади евра. Но, слични куќи во Елани се нудат за најмалку двојно повисока цена;

– Набавката од ДИК на чело со Даштевски на системот за биометриска идентификација е под лупа на Антикорупциска – се проверуваат трансакции кон и од подизведувачите; Откриваме и дека двајца членови на ДИК и тројца од ИКТ-телото се оградиле од техничкиот прием кој бил предуслов за да му се платат 11,2 милиони евра на „Дермалог“; Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.