СДСМ : СЛАБИ КАДРИ ЗА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА, ДПМНЕ НЕМА КАДРОВСКА НИТУ ПРОГРАМСКА ПОНУДА

0
220
ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, меѓу нив лични пријатели на Мицкоски, кадри од времето на режимот на Груевски, поранешни функционери во град Скопје, но и кадар со кривична пријава за злоупотреба на службената должност.
Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник. Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум.
Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје, а потоа и разрешен.
Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада.
Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место си ја вработила во УЈП и нејзината сестра.
Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ, кој како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.
ДПМНЕ нема никаква програмска понуда, а потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.