КОВАЧЕВСКИ : НА ДЕНЕШНАТА ВЛАДИНА 24-ТА СЕДНИЦА ДОНЕСЕНИ СЕ 16 ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ОД 400 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ И СТОПАНСТВОТО ПОМЕЃУ КОИ И НАМАЛУВАЊЕ НА ДИЗЕЛ ЗА 10 ДЕНАРИ И БЕНЗИНОТ ЗА 11 ДЕНАРИ

0
902
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска го претстави новиот пакет мерки за помош и поддршка на домаќинствата и компаниите во време на светска економска и енергетска криза.
26 економски мерки во вредност 400 милиони евра, донесени низ отворен дијалог ќе обезбедат заштита на животниот стандард на граѓаните и финансиска поддршка за компаниите и одржување на нивната ликвидност.
Се укинува повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени продукти. Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата ќе бидат со нула отсто ДДВ.
Дополнително, маржата за овие артикли ќе биде замрзната во периодот април – јуни.
За да го заштитиме стандардот на најранливите категории граѓани, воведуваме ваучери во вредност од 1000 денари месечно, за период од три месеци за околу 35.000 граѓани и истите би се користеле за купување на основни производи. Исти вакви субвенции ќе добијат и околу 330.000 пензионери.
Повластената даночната стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата ќе важи до крајот на годината.
За да се ублажат последиците од големиот пораст на берзанските цени на нафтата, ја намалуваме стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан.
Дополнително, ќе се намали и акцизата на горивата врз основа на берзанските цени. Со тоа, и со намалувањето на ДДВ за горивата, сериозно ќе се намали малопродажната цена на горивата и тоа: за дизел за 10,5 денари и за бензин за 11,5 денари.
Освен за граѓаните, поддршка е предвидена и за домашните компании преку Финансиска поддршка преку директно кредитирање од Развојната банка, финансиска поддршка преку комерцијалните банки со бескаматни кредити за обртни средства кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, нова линија за поддршка на стопанството преку Европската инвестициска банка за зелена транзиција…
И во време на криза Владата предводена од СДСМ продолжува со мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните, минималната плата порасна на 18.000 денари, следува рекорден раст и на пензиите, а стапката на невработеност е на историски најниски 15,2 отсто.