СДСМ : НИТУ ЗБОР ОД АРСОВСКА ЗА ПРОЕКТИТЕ КОИ ИМ ГИ ВЕТИ НА СКОПЈАНИ А НЕ ГИ НАПРАВИ

0
495

Ниту збор од Арсовска за проектите кои им ги вети на скопјани а не ги направи

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје по подолго време денеска се појави пред јавноста.

Но, Аровска не кажа ниту збор за проектите кои им ги вети на скопјани а не ги реализираше.

Каде е бесплатниот превоз? Каде се 250 нови автобуси?

Зошто проектите важни за скопјани и започнати пред неколку години се уште стојат недовршени, како мостот во Аеродром, клучката кај Момин поток но и многу други?

Дали Христијан Мицкоски стои зад ова и намерно ги кочи сите започнати проекти за свои бизнис интереси?

Поминаа 10 месеци а градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ нема реализирано ништо од она што беше ветувано пред граѓаните на Скопје.