Заев објави семејни фотографии во новогодишен амбиент: Дочекајте ја 2020 со љубов и ентузијазам

0
841

Премиерот Зоран Заев на фејсбук објави семејни фотографии во новогодишен амбиент.

„Празниците носат посебни чувства на радост, топлина и убавина во секој дом. Да ги искористиме за да се видиме со најблиските, да си раскажеме и заеднички да се подготвиме за новите предизвици. Имајте убави последни денови од 2019 година и дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам“, порача премиерот Заев.

Инаку, тој претходно информираше дека за празниците ќе замине за Германија, каде ќе престојува 3 дена кај пријател.