СДСМ ГО РЕШАВА И ДОЛГОГОДИШНИОТ ПРОБЛЕМ СО ЛИЦАТА БЕЗ ДОКУМЕНТИ

0
364
Донесените измени на законот за престојувалиште и живеалиште и за лична карта го решија проблемот на лицата, кои поради непоседување имот и неможноста да обезбедат докази за сопственост на имот или договор за закуп остануваа без пријавена адреса, а со тоа и без лична карта.
Во јуни 2023 Собранието ги усвои и измените на Законот за матична евиденција и се овозможи секое дете родено во земјата да добие извод при раѓање, а најдоцна 45 дена од раѓањето, без разлика дали неговите родители се без документи или без државјанство.
Во период од два месеци од измените на законот, решени се 310 предмети на лица кои добија извод од матичната книга на родени.
Врз основа на изменетата регулатива државјанство добија 290 лица без државјанство.
СДСМ континуирано и преку системски решенија, се грижи за граѓаните, особено за оние кои имаат најголема потреба од помош.