АНГЕЛОВ : КАКО ДИРЕКТОР НА ЦУК ДО ВЛАДАТА ЌЕ ПРЕДЛОЖАМ ДА ГИ НАГРАДИ СИТЕ ХРАБРИ ПОЖАРНИКАРИ КОИ ЛЕТОВО ГАСЕА ПОЖАРИ НИЗ ПЛАНИНИТЕ И СПАСИЈА МНОГУ ДРВА И ЖИВОТНИ

0
491
  • Пробивањето низ трња, во една прилика моравме да се пробиваме низ една клисура. Јас бев изненаден каде налетав на 5-6 метри вертикални камени sидови. Баравме место движејќи се покрај тој кањон за да преминеме од другата страна и да му пријдеме на пожарот.

    Затоа голема благодарност до сите пожарникари, по завршувањето на сезоната во октомври до владата како директор на ЦУК ќе поднесам барање за награда на сите пожарникари кои учествуваа во гасњето на овие пожари на отворено бидејќи заштедија многу пари и пред се ја заштедија природата да не изгори многу поголема количина и на дрва и на друг тип на вегетација и животни бидејќи тие дрва и таа трева се дом на многу птици и животни.

Стојанче Ангелов за ТВ24