(ФОТО) РЕЖИМОТ ОД ДЕЦАТА ПРЕКУ ЕКСТЕРНО СЕ ОБИДУВА ДА СОЗДАДЕ БЕЗРБЕТНИЦИ И ПОСЛУШНИЦИ : Учениците се учат дека не треба да протестираат?!

0
1425

На социјалните мрежи започнаа да се споделуваат фотографии од прашањата на екстерното тестирање кое деновиве се спроведува во училиштата во Македонија.

Едно од контроверзните прашања е:

„Што од наведеното не е начин за разрешување на конфликт?“

Понудените одговори се „компромис“, „согласност“, „протест“ и „договор“.

13346816_10154290522697899_3485412512039208171_n

Со оглед на тоа што точниот одговор кој го предвидел Државниот испитен центар е „протест“, на социјалните мрежи граѓаните коментираат дека со ова учениците се манипулираат и од мали нозе им се всадува идеја дека не треба да протестираат бидејќи така нема да решат ништо?!

Екстерното тестирање секоја година истакнува повеќе контроверзни и скандалозни прашања и понудени одговори за кои има бурни реакции во јавноста, и преку него, всушност, се гледа што учат младите генерации.

Извор: Либертас