СДММ ЈА ПОДДРЖУВА ИНИЦИЈАТИВАТА НА СТУДЕНТИТЕ, БЕЛИОТ ДВОРЕЦ ДА СТАНЕ СТУДЕНТСКИ ДОМ

0
603

Изјава за медиуми, Марко Михаилоски, претедател на СДММ

Почитувани,

Социјалдемократската младина на Македонија ја поддржува иницијативата на студентите и младите, белиот луксузен дворец на ВМРО-ДПМНЕ да стане студентски дом.

Одлична е можноста откако ќе се заплени овој имот и пресудата ќе стане правосилна, да се отвори јавна дебата и овој луксузен дворец да се отстапи на идните академски граѓни, на студентите од внтрешноста.

Откако ќе се отвори и јавна дебата со разговор помеѓу сите студенти и сите млади, СДММ стои зад овој предлог, за дворецот да стане студентски дом.

СДММ смета дека студентите заслужуваат студентски дом во строгиот центар на Скопје.