ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИ КОН ТУТУНАРИТЕ ЗА РЕКОЛТАТА 2021

0
440

Тутунарите ги добиваат заслужените субвенции за реколтата 2021. Откако успеавме да ги одблокираме законските измени, преку кои се одложи обврската кон УЈП, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 2 јуни ги подготви и потпиша сите решенија за исплата на субвенциите и истите беа предадени до министерството за финансии за исплата, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Денеска, по добиена информација од министерството за финансии, ги известуваме тутунарите дека од денес во текот на наредните девет работни дена субвенциите кон тутунарите целосно ќе бидат исплатени. Вкупно 1.3 милијарди денари ќе бидат пуштени на сметките до 17.280 тутунопроизводители, се додава во соопштението.

МЗШВ додава дека дополнително ги информира земјоделците оти во следниот период се очекува реализација на исплатата на финансиската поддршка за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници, мерки кои ги донесовме за поддршка на земјоделците во услови на криза преку Интервентниот фонд.

– Следува и реализација на поддршката преку програмата за директни плаќања за премијата за произведено и предадено млеко јануари-феруари 2021 и субвенциите за заклани бројлери и несилки во регистрирани кланични капацитети. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се грижи за секој земјоделец и дава силна поддршка на земјоделците во услови на светска криза, се додава во соопштението на МЗШВ.