Сваровски судијката и пријателка на Сашо Мијалков, Сафија Лаличиќ е прва на листа за судијка во судот за човекови права во Стразбург?!

0
3378

Лидија Неделкова како претседател на Комисија, во чиј состав меѓу другите се и и Сашо Василевски од Советот на Јавни обвинители, владиниот агент Костадин Богданов, Јелица Крстевска член на Судскиот совет, денеска се очекува да донесат одлука за тоа, кој тројца судии и тројца обвинители ќе ги утврдат на листа, од кои Судот за човекови права во Стразбур ќе избере по еден, што ќе поминат 6 месечна практична работа во Европскиот суд за човекови права.

Порталот СВЕДОК од извори во инситуциите здолжени за избор и селекција на кандидати, дознава дека се пријавиле 22 судии и јавни обвинители, за двете места – практиканти на 6 месеци во ЕСЧП во Стразбур.

Комисијата во текот на вчерашниот ден почнала со подготовки за финалниот избор и како што дознава Сведок, денеска се очекува да бидат составени листите од судии и јавни обвинители.

Според достапните информации, на двете листи ќе се најдат 6 од 22-та пријавени, а на Стразбур ќе биде последната одлука, кого ќе земе на практична работа.

Сепак, интересни се кандидатите кои се јавиле, кои влегуваат во т.н. „сваровски судство“, термин употребен во прислушуваните разговори, токму од судијка која сега сака да оди во Стразбур, во комуникација со екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

СВЕДОК дознава дека на листата на пријавени повеќемина се обвинители, иако позвучен е списокот на пријавени судии кои се од младата генерација и кои имаат стаж од 3 до 10 години, со исклучок на еден судија кој има многу поголем стаж, а водел и суд во земјава.

sofijalalicikj

Прва и најкоментирана кандидатка за практикант во Стразбур е Софија Лаличиќ, судија од Основниот суд Скопје 1, Скопје, чиј глас во „бомбите“ ни ја разоткри „сваровски“ шемата во судството, убедувајќи го сашо Мијалков кој и јавува дека ќе ја бираат за судија, кого друг треба или не треба да го изберат за судија, а посебно не кандидатките кои со скапи „сваровски“ подароци се „гребеле“ кај Лидија Неделкова, тогаш претседател на скопска единица да ги предложи за судии.

Софија (Сафија) Лаличиќ за судија е избрана во 2012 година, а претходно беше соработник за односи со јавноста во Кривичниот суд, а работела и во адвокатската канцеларија Апостолски пред да дојде во судот. Судијка стана на неполни 29 години, родена е 1984 година,  а за судија е избрана во јануари 2013 година. Има судиски стаж од 3 години и 5 месеци. Интересно е што токму Неделкова која ја оговара Лаличиќ во бомбите треба да даде „амин“ за нејзино ставање на листата.

Извори од комисијата за Сведок откриваат дека младата скопска судијка доцнела и на закажаното интервју, а кога дошла, веднаш си влегла иако бил повикан на интервју судија од гостиварскиот суд. истиот извор од Комисијата тврди дека Лаличиќ не му се извинила ниту на колегата на чие место влегла преку ред.

Повеќе од текстот ќе може да прочитате на порталот СВЕДОК.