БОМБАСТИЧНО ОТКРИТИЕ НА ,,ПРИЗМА” ЗА ОКТОПОДОТ НА ОФШОР-ФИРМИТЕ ,,МЕЛИМЕЈТ” : Бизнис мрежата околу Коста Крпач е обвиена со офшор-мистерии

0
1056

Анонимната скопска компанија „Мелимејт“ потекнува од познатите даночни оази каде што се зачнати и најпознатите офшор-фирми во Македонија, како „Ексико“ и „Финзи“. Како и другите, и оваа фирма се поврзува со луѓе од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Призма“.

По ненадејната смрт на Коста Крпач, сведокот на Специјалното јавно обвинителство, повторно се актуализираше темата за офшор-капиталот во Македонија, зашто Крпач фигурираше како директор на скопската „Финзи“, зад која стои истоимена фирма регистрирана на американска офшор-адреса.

БИРН во неколку наврати ги истражуваше врските на „Финзи“ со бизнис елитата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и покрај сопственичката улога во порталот „Нетпрес“, откривме дека компанијата има слична историја како и најпознатата офшорка „Ексико“.

Истата адреса во американскиот град Олбени и истите директори од Кипар ги врзуваат „Ексико“ и „Финзи“, меѓутоа ова бизнис друштво по сè изгледа е пошироко. БИРН дојде до документи кои откриваат дека речиси идентично „офшор-педигре“ има уште една скопска компанија.

Станува збор за „Мелимејт инвестмент“, која е регистрирана во Македонија во 2009 како друштво за градежништво и на прв поглед изгледа како сосема обична фирма со седиште во скопски Чаир, меѓутоа на таа локација има приватен дом и ништо не навестува дека таму функционира канцеларија на градежен бизнис.

Актуелниот сопственикот на „Мелимејт“ живее на друга страна од градот, во Центар, меѓутоа како и секоја компанија од ваков вид, првичните газди се скриени во папките спакувани некаде далеку преку Атлантскиот Океан.

Бизнисмените се одлучуваат да отворат офшор-фирма од најчесто две причини. Првиот мотив е фактот што даночните оази гарантираат апсолутна дискреција околу името на сопственикот, односно никој не може оттаму да дознае кој е сопственикот на компанијата, а втората причина, која е исто толку популарна, е тоа што овие офшор-држави многу ниско или воопшто не ги оданочуваат бизнисмените кога тие ги вадат парите од своите сметки.

Целиот овој систем овозможува брз и дискретен проток на парите, а тој функционира благодарејќи на државите како Панама, Белизе, а во последно време и некои места во САД.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ