Една од првите грижи на Владата е да се спречи отпуштањето на вработените

0
1000

Една од првите грижи на Владата е да се спречи отпуштањето на вработените од страна на работодавачите по завршувањето на мерката што ја нудеше државата за зачувување на работните места.

Веднаш ќе работиме на мерки за да може државата да помогне за да се заштити секое работно место во нашата земја, тоа ќе ни биде еден од најголемите фокуси од целиот пакет на мерки што ќе го понудиме, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Бројките на отпуштени работници неприродно пораснаа од 12 – 13.000 на 22 – 23.000, а по некои статистики и на 30.000 невработени што се случија во овој период, но не се 140.000. За нас е важно секое работно место и затоа треба да знаат деловните луѓе дека државата продолжува да помага.

Сакаме да им се најдеме, но не можат да очекуваат директна помош и поддршка ако не водат грижа за својот највреден капитал, а тоа се работниците, рече Заев во одговор напрашање пред почетокот на денешната работна средба со Сојузот на стопански комори.

Тој нагласи дека околу 90 милиони евра беа тримесечните поддршки од 14.500 денари по работник што им беа дадени на компаниите од страна на државата за зачувување на работните места.

Се искористија многу народни средства за таа работа и ние ќе продолжиме да креираме мерки кои значат заштита на работното место, но и поддршка на компаниите да работат и да опстојуваат и да напредуваат, потенцира Заев.

Најави дека следните пакети на мерки ќе бидат дефинирани со разговори со стопанските комори, синдикатите и сите други учесници за да може да има општествена оравданост за нивно носење.

Ние во Владата ниту се сметаме за најпаметни, ниту за најучени. Ја имаме само честа и одговорноста да рсполагаме со државните ресурси и да ги искористиме на најпаметен начин како да му помогнеме на стопанството и на граѓаните.

Веднаш штом ќе ги завршиме разговорите заедно со сите субјекти ќе го димензионираме пакетот мерки и ќе го понудиме пред Владата и пред Парлементот за носење одлуки. Во овој период нема вонредна состојба, па нема ни уредби со законска сила и тоа го имаме предвид дека ќе земе одреден период и затоа треба да бидеме побрзи во изготвувањето на следните пакети на мерки, рече Заев.