Беџети: Би прифатил да ја водам идната македонска Влада

0
1622

Во последно време многу се шпекулира и со името на идниот мандатар, а во интервју за емисијата Фактор24, на 24 Вести, академик Беџети вели дека тој би прифатил да состави Влада која би имала јасни цели и принципи.

Преговори за нова Влада во мачна тишина. И ВМРО ДПМНЕ и СДСМ тврдат дека го добиле мандатот од граѓаните да формираат Влада, а ДУИ иако никогаш со помал број на пратеници условува. Владата ќе биде под услови кои ќе ги диктира Ахмети.

Во спротивно вели тој нема Влада. „Ако нема договор и се влезе во нејасен период, тоа ќе биде најлошото решение за земјата. Јас мислам дека кај сите политички партии треба да преовладува здравиот разум за да се најде решение и да се решат проблемите со кои се соочуваа нашата земја. Инаку, тоа би било најлошото решение“, додава  Ахмети.

Првиот човек на Мала Речица вели дека ќе ја почитува волјата на Албанците.

“Конечната одлука ќе ја одразува волјата на мнозинството од граѓаните Албанци, затоа што ДУИ никогаш не донела некоја одлука која е против својот народ“, изјави Ахмети.

Од партијата на Груевски која се очекува прва да го добие мандатот, велат дека ќе вложат максимални напори за формирање влада почитувајќи ја волјата на граѓаните.

Од СДСМ велат дека не почнале преговори со ниедна партија но дека чекаат граѓаните да се изјаснат.

Во последно време многу се шпекулира и со името на идниот мандатар, а во интервју за емисијата Фактор24, на 24 Вести, академик Беџети вели дека тој би прифатил да состави Влада која би имала јасни цели и принципи.

„Би се нафатил само доколку станува збор за Влада која ќе има јасен и ограничен реформски мандат, со одредена фокусирана агенда“ изјави Беџети.