САКАМ ДА РАБОТАМ ДО АНТИКОЦКАЊЕ : ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ПРИМЕРОТ СО АЛБАНИЈА

0
451

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ одамна изразува сомневања за вистинската улога на неформалното Движење „Антикоцкање“ од Тетово. Секоја нивна иницијатива е деструктивна и има за цел да предизвика штети по државниот Буџет. Во услови на финансиска неизвесност и економска криза од цените на струјата и енергенсите низ цела Европа, додека многу домашни компании се борат за гол опстанок ова наводно движење тера кампања за отпуштање на речиси 10 илјади вработени и уништување на цела економска гранка која на годишно ниво обезбедува 280 милиони евра приходи во државниот Буџет.

Крајно време е господата кои во името на „Антикоцкање“ конечно да кажат чии интереси штитат и што е нивната крајна цел? Дали одработуваат за нечиј план и сценарио за нелегално заработка од игри на среќа кои би се организирале на црно, без никаков приход за државата? Дали вистинската цел на референдумот е да се затвори легален бизнис за да некој печали од диви играчници кои ќе работат на црно? Се повторува ли нов „Детонатор“, познатиот скандал од 2011, кога полицијата заплени околу 1 500 диво поставени покер апарати во нелегални коцкарници?

Наместо да сеат магла и да манипулираат со етничките и верски чувства на граѓаните, сите противници на игрите на среќа во Северна Македонија нека објаснат зошто после четири години од забраната, Албанската Влада се пишмани и повторно дозволи да се организираат игри на среќа. Клучниот аргумент на Албанскиот Премиер е дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе и помогне на албанската економија во време на енергетска и економска криза.