ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ПОДНЕСОА БАРАЊЕ ЗА СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ

0
409

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ денеска официјално имаат поднесено барање за средба со премиерот Димитар Ковачевски за решавање на проблемот што го имаат со Град Скопје околу исплатата на долгот што го има кон нив. „После повеќедневната голгота која ја преживеавме на булеварите каде што дежуравме деноноќно како последица на тоа што градските власти на чело со градоначалничката немаше слух да не прими да поразговараме блокадите ги тргнавме по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски.

Тој вчера рече дека би можел да биде медијатор и да не собере сите засегнати страни за да го решиме проблемот, но само ако бидат тргнати блокадите и во една релаксирана и мирна атмосфера да можеме да ги изнесеме сите аргументи како би можело да дојде до решавање на нашиот веќе познат проблем“, истакна на денешната прес конференциа Кемал Муриќ од „Слобода превоз“ кој додаде дека преговорите со Владата ќе ги води директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски.

Според него до овој момент нема конкретен датум за средбата, но очекуваат тоа да се случи многу брзо.Муриќ се надева дека со почетокот на медијацијата во Владата ќе бидат подготвени спогодбено да ја решат состојбата, односно ќе се најде решение со каква динамика би се исплатил долгот. Приватните превозници, вчера ги тргнаа автобусите од булеварот „Илинден“ откако ги послушаа сугестиите на премиерот Димитар Ковачевски