СОСТОЈБАТА СО КОРОНАТА Е СТАБИЛНА, ЗАТОА ДА СЕ ВАКЦИНИРАМЕ МАСОВНО, ФИЛИПЧЕ: ОД ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВАМЕ ВАКЦИНАЦИЈА БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ ТЕРМИНИ

0
822

“Ситуацијата со Ковид-19 е стабилна и дека нема потреба од воведување на нови мерки. Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините. Сега кога ги има и кога се достапни, акцент треба да се стави на процесот на вакцинација. Гледаме дека и во Англија, иако има нови случаи, се попуштаат мерките. Да не живееме затворени, туку да се вакцинираме масовно” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Од понеделник почнува теренска вакцинација и вакцинирање на граѓаните без закажување. Можно е да се очекуваат нови мутации на вирусот и дека секој следен бран треба да го дочекаме подготвени со масовна вакцинација.