РУСКОВСКА : ИМАВ ПРИТИСОЦИ ЗА РАШКОВСКИ, МЕ ЧЕКАА „НА ПЕНАЛ“!

0
323

Поранешната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во интервју за „360 степени“, прашана дали имала притисоци да ја запре истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, одговори потврдно.

-Па, да. Не би сакала да навлегувам. Веќе имам две тужби за клевета. Не сакам уште една да имам. Рочиштето по тужбата од Арафат Муареми е закажано за 22 декември. За другата сè уште немам информација – рече Русковска.

За случајот поради кој и беше покрената дисциплинска постапки, а потоа и беше разрешена – претресот во Управата за финансиска полиција, таа вели дека останува на тоа што го изјави дека само ја чекале „на пенал“.
-Самиот професор Гордан Калајџиев, прочитав негово интервју за еден портал, наведува дека апсолутно немало никакви елементи за водење дисциплинска постапка, а не пак за тешка дисциплинска повреда. Тој ги имаше на увид предлогот за поведување дисциплинска постапка и мојот одговор – рече Русковска.