ИЗБОРИ НЕМА, ОБВИНУВА ЗА ПРЕДИЗБОРЕН ПОТКУП, ДИМИТРИЕВСКА-КОЧОСКА: СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ, СДСМ ОБЕЗБЕДУВА ПАРИ ЗА СУБВЕНЦИИ И СОЦИЈАЛНИ ТРАНСФЕРИ ЗА ПОДДРШКА НА РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ

0
762

“Ребалансот на буџетот е во насока на предизборен поткуп” – обвини Гордана Димитриевска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, нема пари за стопанството кое едвај преживува, нема пари за земјоделците, нема пари за помош на невработените, нема пари за угостителите, за занаетчиите, но има пари за социјални трансфери кои се единствено предизборен поткуп кој ќе се плаќа повторно од сите граѓани.

“Внимавајте, планиран е буџетски дефицит од над 6%, кој ќе биде финансиран со нови и нови задолжувања, а притоа од тоа нема да има никаква корист никој освен кога се во прашање лукративните интереси на Зоран Заев. Со овој ребаланс се предвидуваат над 200 милиони евра за предизборен поткуп кој преставува грабеж на државната каса финансирана од граѓаните, а скриена во ставката субвенции и трансфери” – рече Димитриевска-Кочоска.

Таа вели дека најголем фокус на ваквиот ребаланс нема да биде индустријата и реалниот сектор, туку гломазната државна администрација. Со други зборови, уништената економија и клекнатото стопанството ќе треба да ја хранат дополнително администрацијата заради политичките и теснопартиските интереси на Заев и власта.