Сведочењето на Ставрески пред Анкетната комисија почна, па се откажа

0
999

Сведочењето на министерот за финансии, Зоран Ставрески, пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, е откажано, јавува Мета.

Денеска, пред да почне неговото сведочење, тој на новинарите им изјави дека дошол да одговори на сите прашања на членовите на комисијата.

– Денеска сум тука да одговорам на сите прашања што ќе ми ги постават членовите на комисијата, со цел успешно работење на комисијата – изјави Ставрески.

На прашањето зошто побарал затворена седница, Ставрески рече дека неговата одлука е во согласност со одлуката за избор на Анкетната комисија за ефикасно да си ја заврши работата.