ХРИСТО КОНДОВСКИ СО ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР ПРЕД СВОИТЕ БИТОЛЧАНИ : БИТОЛА ЌЕ ЈА ВОЗДИГНЕМЕ ВО МОДЕРЕН ГРАД ВО КОЈ Е ЗАДОВОЛСТВО ДА СЕ ЖИВЕЕ

0
694

Доста е од зборови, потребна е силна акција и секој од нас вграден во неа, порача во видео обраќање до битолчани вечерва на неколку часа пред стапувањето на изборниот молк, кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски.

„Јас сум подготвен. Ја видовте мојата енергија за работа и јас видов силна граѓанска волја. Затоа најавувам локално граѓанско и институционално движење кое Битола ќе ја воздигне во модерен град во кој е задоволство да се живее.“-вели Кондовски во вечерашното видео обраќање.

Тој рече денеска е заокружена една од најпрогресивните и најпозитивните изборни кампањи, изборен процес проследен со фер и демократска атмосфера како што и доликува на Битола и битолчани.

„Кампања во која доминираше гласот на граѓаните, а најгласно се слушаа реалните идеи и развојните проекти за нашиот дом, Општина Битола.“-рече Кондовски, повикувајќи ги граѓаните на заедничка акција за унапредување на Битола во сите области на општественото живеење.

Рече дека ќе биде градоначалник на сите граѓани, секогаш отворен и достапен за комуникација. „Ајде заедно да го донесеме новото модерно време. Ве повикувам во недела масовно да излезете на избори и да дадете силна поддршка за најдоброто за Битола. Најдоброто на овие избори е содржано во бројот 12. 12 за избор на градоначалник и членови на советот.“-им порача Кондовски на битолчани.