РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА УКРАИНЦИТЕ ГО ГАЃАЛЕ БЕЛГОРОД СО КАСЕТНИ БОМБИ И БАРА СОСТАНОК НА ОН

0
378

Руските власти објавија дека 14 лица, меѓу кои две деца, загинале во неселективни украински напади, а Украинците користеле касетни бомби за време на нападот на Белгород.

За време на нападот на Белгород, Киев користел проектили со касетни бомби, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, нарекувајќи го нападот „злосторство“. Според конвенцијата на ОН од 2008 година, касетната муниција е забранета во повеќе од 110 земји поради екстремната опасност што ја претставуваат за цивилите.

„Режимот во Киев користеше неколку повеќецевни ракетни фрлачи. Еден од нив беше украинскиот систем Олха, кој може да истрела 12 наведувани проектили во еден рафал. Ракетите Олха беа опремени со боеви глави со касетни бомби“, соопшти Министерството, како што е соопштено од RT.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави за државната новинска агенција РИА дека Русија побарала состанок на Советот за безбедност на ОН за да разговара за инцидентот.