ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ЈА СПОРЕДИ МАКЕДОНИЈА СО ПРОСТИТУТКА!

0
1652

– Македонија можеше да стане членка на ЕУ и НАТО на потежок и чесен начин со работа, или на полесен начин со проституирање. Македонија под водство на Заев одбра да се проституира!

Ова над 10-тина пати во интервју на ТВ Сонце го изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Ова е небулозна изјава затоа што јасно е кажано дека услов за влез во ЕУ и НАТО е компромис со Грција. Изговорот дека не сме морале да правиме компромис или пак ќе сме направеле далеку подобар компромис од овој е во суштина изјава да не се реши проблемот во наредните неколку децении, тоа ќе значи уништена држава.

Споредбата со просституирање не држи затоа што сите земји прават тешки компромиси со своите соседи во својата историја, во овој случај зачуван е јазикот и идентитетот. Сменето е само името со додавка која е географски точна.