ВНУКОТ НА АЛИ АХМЕТИ, ДРИН АХМЕТИ ВЕЧЕРВА Е ПРИТВОРЕН ПОРАДИ ПРОНАЈДЕНИ ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА

0
414

Полицијата вечерва го привела Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети и косопственик на трговскиот центар „Соравија“.

Дрин Ахмети, кој има 25 години е притворен вечерва нешто пред 20 часот.

Полицајци го запреле возилото „ренџ ровер“ со кое управувал Д.А и при преглед пронашле пиротехнички средства“, велат од Министерството за внатрешни работи за Радио Слободна Европа.

„Лицето Д.А, од село Зајас – Кичево, е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од полицијата.