Пред почетокот на втората полусезона 2023/2024, РК МЕТАЛУРГ РА донесе 6 засилувања, млади македонски ракометари кои веќе тренираат со екипата.
Повратници во Металург се : Димитар Ристовски и Филип Фидановски кои доаѓаат од екипата на РК Скопје и Драган Стефков, кој доаѓа од екипата на РК Голден Арт. Од суперлигашот РК Вардар Неготино во тимот на Металург доаѓа Христијан Крстаноски. Марјан Сарасов на екипата на РК Металург и се приклучи од РК Текстилец. После кратка пауза, повратник во ракометот и нов член на РК Металург е Пане Арсов кој веќе неколку месеци тренира со екипата. Претходно бил член на РК Тиквеш Кавадарци.
- “Многу сум среќна кога новите членови на семејството Металург ќе ги исполнат моите очекувања, не само како ракометари, туку како прекрасни личности. Посебно сум среќна и исполнета кога во домот ни се враќаат нашите деца. Добредојдовте и се надевам дека од Металург еден ден ќе направите трансфер во големи европски клубови! ” напиша менаџерката и првата дама на РК Металург на својот фејсбук профил Зорица Блажевска.