ЗАЕВ СЕ ФАТИ ЗА МЕТЛАТА – ЕВЕ КОИ ДИРЕКТОРИ ЌЕ ЛЕТААТ ОД ФОТЕЉИТЕ!

0
31265

Горјан Тозија досегашниот директор на Агенцијата за филм Горјан Тозија нема да добие уште еден мандат. Владата на синоќешната седница одлучи да објави Јавен оглас за именување нов директор на Агенцијата за филм. На седницата на која имаше и други именувања, за членови на УО на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на дрѓавата беа именувани Ветон Мурати, Владо Неданоски, Никола Рилак и Зоран Саздовски.

Од Владата соопштија дека со изборот на членови на УО на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Македонија, им препраччува да да поведат постапка за разрешување на актуелниот директор Шпенд Хајредини, заради индиции за сериозни нарушувања на повеќе одредби од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, како и заради постапки кои укажуваат на надминување на надлежностите предвидени со Законот за јавни претпријатија.

Владата донесе одлука да му предложи на УО на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта да го разреши актуелниот директор Љујзим Фејзулаи заради неисполнети обврски од програмата за работа и заради слаби резултати и на негово место да го именува Нефрус Челику.

Билјана Јовановска заминува од директорската позиција во Агенцијата за вработување. На нејзино место е именуван Абдуш Демири кој е дипломиран економист. Владата менува дел од третиот ешалон на извршната власт.

Арбен Виља е разрешен од должноста в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот. На негово место како в.д директор е поставен Дејан Павлески – дипломиран инженер по електротехника.

Според информации, Аљајдин Хавзиу е разрешен од должноста директор на Државниот инспекторат за труд. Нов вршител на должност директор на Државниот инспекторат за труд е Јована Тренчевска – дипломиран социолог.

Досегашниот заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост Горан Герасимовски сега станува директор на институцијата, на местото на Сафет Емрули.

Владата синоќа го именуваше Авдуљ Селам Селами, дипломиран правник за вршител на должност заменик на директорот на Управата за јавни приходи, а Ремзи Абдулахи, дипломиран правник за вршител на должност заменик на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Владата заклучила да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – НАВ) АД Скопје, за член на Управниот одбор да го избере Фахрудин Хамиди.

Со заклучок од оваа седница на Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје му е препорачано, од должноста член на Управниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје да го отповика Орхан Муртезани, а за член да го избере Аднан Азизи (дипломиран на Филолошки факултет).

На седницата Блажена Пејовска, дипломиран градежен инженер, насока-транспортна инфраструктура, е именувана за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Владата го именуваше Марјан Кицев за член на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, како претставник од репрезентативниот синдикат член на Економско социјалниот совет.

Маја Аргировска, е разрешена од должноста член на Комисијата за одлучување по барањата за зголемување на формираната цена на лек, и на нејзино место ја именуваше Аница Иваноска Стрезовски.