РИСТЕСКИ : НЕМА ПРОЕКТИ ВО АЕРОДРОМ НО ЗАТОА МУЦУНСКИ СЕ ФАТИ ЗА СПОМЕНИЦИ КАКО ЌОСЕТО

0
413
Милутин Ристески, координатор на советничка група на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром.
 
Почитувани,

На предлог на Левица, а со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, Советот на Општина Аеродром на последната седница усвои иницијатива со која ќе побара од Собранието поставување на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето на територија на Аеродром.

Оваа иницијатива е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се доследни на тоталитарната идеологија на бегалецот во Будимпешта, Никола Груевски.

Клучниот симбол на Груевизмот, споменикот на егзекуторот на ВМРО, убиец на сопствениот брат, џелат кој извршувал нарачки за убиства, Андон Ќосето, познат како Касапот, стоеше пред палатата на правдата со цел да потсетува на страшната судбина што може да ги снајде сите кои мислат поинаку.

Споменикот на Ќосето беше дивоградба затоа што беше поставен со грубо кршење на повеќе закони меѓу кои и Законот за меморијални споменици и спомен обележја и затоа беше отстранет, а на негово место пред палата на правдата, беше засадено дрво од видот Гинко како симбол на човековите права.

Токму тоа е разликата помеѓу СДСМ и локалната коалиција ВМРО-ДПМНЕ – Левица.

Наместо да ги решаваат предизвиците на граѓаните денес, сакаат да не вратат во минатото на Груевски и Ќосето.

Да потсетиме дека и градоначалничката на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Данела Арсовска исто така бараше споменикот на Ќосето да биде вратен на претходната локација.

Наместо нови капитални инвестиции, враќаат стари споменици со спорна симболика, ете тоа нудат ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска.

Го потсетуваме Тимчо Муцунски дека граѓаните гласаа за нови градинки училишта, културни центри и паркови, а не за споменици, долгови, диви депонии и урбан хаос.

Ги повикуваме Тимчо Муцунски и новата коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица конечно да се фатат за работа и да престанат да ја замајуваат јавноста со евтини иницијативи од кои ништо добро не може да произлезе.