СУДЕЊАТА НА КАНЧЕСКА – МИЛЕСКА БЕСКРАЈНО СЕ ОДЛОЖУВААТ

0
347

Денеска повторно беше одложено рочиште за предметот „Тендери“, каде меѓу обвинетите е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Како што му соопштил на судот нејзиниот бранител, Сашо Дуковски, овој пат рочиштето се одложува затоа што близок член на семејството имал итна медицинска интервенција. Овој пат обвинителството требаше да даде завршни зборови, но тоа е одложено за 20ти април.

Рочиштата од предметот „Тендери“ во континуитет се одложуваат откако почна судењето во март 2018 година. Овој предмет е рекордер во враќање на процесот од почеток. Според пресметката која ја направи Коалицијата „Сите за правично судење“, за три и пол години предметот имал еден официјален старт и уште пет нови од две различни причини. Или не се одржале рочишта во рок од 90 денови колку што е законски дозволено да се паузира а тоа се случило 3 пати, па поради тоа почнувале од почеток, или пак се менувал судија поротник што се случило два пати.

„Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, е поврзан со злоупотреби со тендерот за изградба на Музејот на ВМРО, што беше дел од проектот „Скопје 2014“. Второ и третообвинетата се членови на Комисијата за јавни набавки. Обвинетите се товарат дека го оштетиле буџетот за 900.000 евра.