БОМБА ОД БИХАЌКА : Заев го активира планот Б, СДСМ ќе иницира продолжување на седницата за избор на претседател на Собранието И ДЕИНСТАЛИРАЊЕ НА МИНИСТРИТЕ ИНСТАЛИРАНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ

0
5829

Извори од СДСМ откриваат дека започнува реализацијата на планот Б, откако претседателот Ѓорге Иванов во повеќе наврати одби да го даде мандатот за состав на нова Влада на лидерот на партијата, Зоран Заев, иако тој собра 67 пратенички потписи.

Денеска СДСМ заедно со ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците ќе иницираат продолжување на конституивната собраниска седница каде треба да се избере претседател на Собранието на Република Македонија, дознава Либертас.

Не е познато како ќе оди реализацијата на планот, но најверојатно 67-те пратеници ќе бараат од Трајко Вељаноски да ја продолжи седницата.

Демонстрантите кои веќе две недели протестираат против Заев во повеќе наврати изјавија дека нема да дозволат да се состане Собранието, и дека со жив штит ќе го бранат.