ЛЕ ПЕН ОТИДЕ ЈАБАНА : МАКРОН ПОБЕДИ СО 57% НАСПРОТИВ 42% ОД ГЛАСОВИТЕ КОЛКУ ШТО ОСВОИ РАДИКАЛНАТА ДЕСНИЧАРКА ЛЕ ПЕН

0
534

Актуелниот претседател Емануел Макрон и лидер на партијата Република во движење го освои и вториот мандат на денешните избори во Франција.

Според првите резултати, за Макрон гласалае 58% од граѓаните, наспроти неговата противкандидатка, лидерката на есктремната десница Марин Ле пен, која освои 42% од гласовите.

28% од гласачите не гласале на овие избори.

Француската телевизија ги објави првите проекции на резултатите, кои се сметаат за многу веродостојни. Според нив, Макрон освоил 57 отсто од гласовите, а Ле Пен 43 отсто од гласовите на избирачите.

Одзивот беше рекордно низок, а највисок одзив од над 70 отсто имаше во руралните средини.

Макрон говорот како победник на претседателските избори и иден претседател на Франција ќе го одржи на бината пред Ајфеловата кула.