ПО ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ, УТРЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА И МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ

0
720

“Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, утре, петок (07.05.2021) во 12 часот, на вакциналниот пункт во А1 СЦ „Борис Трајковски“ ќе се вакцинира против Ковид-19. По вакцинацијата предвидено е министерот Филипче да даде изјава за медиумите” – стои во соопштението од Министерството за здравство.

Денеска се вакцинираше премиерот Зоран Заев со кинеската вакцина, затоа што таа сега е на располагање. Веројатно и Филипче ќе ја прими истата вакцина, со оглед на тоа што на вчерашната прес-конференција рече дека не се дозволува избор на вакцина.