ОГНЕНИТЕ СО ПОРАКА ДО АХМЕТИ И ГРУБИ : И ОФИЦИЈАЛНО СМЕ ФРАКЦИЈА НА ДУИ

0
435

Огнената група на ДУИ од денеска и официјално ќе функционира како фракција на ДУИ, ова членовите на таа група го соопштија на денешната прес-конференција.

„Денеска стоиме пред вас како фракција на ДУИ и наша обврска е да бидеме неспорен глас на сите Албанци и тој глас нема да го замолчи никој“, беше потенцирано на прес-конференцијата од страна на членството на огнената група.

Во ДУИ како што потенцираа постојат двојни стандарди за дебата и одлучување. „Нашиот предлог за гласање за доверба на министрите во власта беше одбиен. Органите на ДУИ не функционираат според статутот, партиските органи не постојат. Политичките одлуки се прават исклучиво од страна на министрите на ДУИ“ велат огнените.

Целта, со фракцијата како што појаснуваат е да се добие битката внатре во ДУИ, затоа што досега како што истакна Меџити се позитивно прифатени од страна на граѓаните.

Одговарајќи на прашањето дали со ваквиот чекор можат да бидат казнети и исклучени од ДУИ, Блерим Беџети кажа дека други треба да ја понесат вината или казната за настанатата ситуација.

„Објаснивме зошто дојде до оваа ситуација. Клучниот орган во партијата – Централното претседателство не беше консолидирано скоро три години и од тука почнаа сомнежите дека органите на партијата се узурпирани од страна на министрите на ДУИ. До оваа ситуација е дојдено поради узурпаторите и непочитување на статутот на партијата, нагласи Беџети.