РЕАКЦИЈА НА СДСМ ПО ОБЈАВЕНИОТ ПРДЕЖ НА ДПМНЕ – ДПМНЕ во очај : Конечно слушнавме како звучи сечено-лепено, ама заборавиле да го исечат она МАРШ на претседателот Заев

0
1160
На последниот ден од кампањата за парламентарните избори и официјално зариба машината за лажни вести во белиот дворец.
Конечно цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она Марш од претседателот Заев во разговорот.
Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција.
Тоа ќе се потврди и на 15 јули со нив силен пораз за ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, последните бранители на криминалот и одговорност за секој што го прекршил законот!