Општина Гази Баба преку предлози за музика, филм, книги и креативни предизвици им помага на своите граѓани ефикасно да го поминат слободното време во изолација

0
1499

Општина Гази Баба се грижи за своите граѓани и во овој период кога се дома, со најблиските и тоа преку предлози за добра музика, филмови, книги, предлози како и предизвици кои ќе ја разбудат креацијата како кај најмладите така и кај возрасните.

Изработките за #ГазиБабаПредизвик е потребно да бидат фотографирани или снимени во кратко видео, со цел и граѓаните да си бидат меѓусебна мотивација, а најдобрите ќе добијат симболична награда од општина Гази Баба.

Нашата цел е да ги мотивираме граѓаните слободното време кое овој период е на претек, да го поминат рационално, креативно, едукативно, заедно со најблиските, да креираат моменти за кои претходно немале можност поради недостаток на време.

Сите заинтересирани своите предлози, препораки и предизвици можат да ги испратат на [email protected], а можат да учествуваат сите заинтересирани жители и надвор од општина Гази Баба.

Нашиот прв музички предлог беше еден од концертите на нашата легенда Тоше Проески, потоа македонскиот филм Тетовирање,  потоа стари македонски приказни кои кријат искрени поуки, па со предлог стари детски песнички кои децата и ден денеска ги слушаат. Следуваше и првиот Гази Баба предизвик – замок со ќебиња во соба, предлог кој разбуди голем интерес кај граѓаните.  

Наш предлог за книга беше делото на Лусинда Рајли, со наслов Љубовното писмо понудивме микс од добри македонски евергрини, предлог на наш жител, а за крај на овој викенд го предложивме македонскиот филм Балкан Кан.

И во наредните денови продолжуваме со предлози од повеќе области, креации, предизвици за жителите да имаат што поисполнет ден!