КАКОВ ПАРАСПУР, КАКВО КУРВАЊЕ СО НАРОДНИ ПАРИ ТОА НЕВЕРОЈАТНО НЕШТО, И ТОА ДУШМАНСКИ : МЕПСО ПОТРОШИЛ САМО ЗА МЕБЕЛ 320.000 ЕВРА!!!

0
1352

Нови 52.000 евра државната МЕПСО ќе потроши за набавка на дополнителен мебел, а планирана е уште една набавка од 58.000 евра. Со тоа вкупната сума што МЕПСО ќе ја потроши за мебел ќе изнесува над 320.000 евра. Покрај фотелјите од телешка кожа, сега се набавуваатсталажи и ормани од метал, а во тек е набавка и на столици. Од компанијата велат дека планирале да потрошат 413.000 евра со ДДВ, но сепак ги скратиле трошоците. До ТВ 24 испратија допис во кој ги потврдуваат сумите, но ги пресметале без ДДВ, затоа што ќе правеле поврат.

Износите се дадени без ДДВ заради тоа што данокот е предмет на поврат и не е трошок на МЕПСО. Вкупната проценета вредност на целиот мебел е планирана на 350.000 евра без ДДВ, а максималната цена што ќе плати МЕПСО ќе биде помала од 275.000 евра без ДДВ вклучително и тендерот за набавка на столици кој е во тек.“- велат од МЕПСО.

Извор 24Вести