ПОМИНАА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПАСОШИ ВО СОБРАНИЕ, ОСМАНИ: ПРОДОЛЖЕН Е РОКОТ НА ВАЖЕЊЕ НА ПАСОШИТЕ НА НАШИНЦИТЕ ВО СТРАНСТВО ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА

0
152

“Собранието на Република Северна Македонија ги усвои измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа или им истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021” – напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Со тоа како што посочува, конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓани кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.