РАЦИЈА ВО ДВЕ ИЛЕГАЛНИ КОЦКАРНИЦИ ВО СКОПЈЕ – ОДЗЕМЕНИ 50 ЛАПТОПИ И 350 МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ, ЗАТЕКНАТИ 11 ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИ

0
986

На 8 февруари полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР, Сектор за економски криминал и корупција, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, СВР Скопје и инспектори од УЈП, врз основа на наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје, извршиле претрес на домови на две локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган”, предвидено и казниво по чл. 156 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

МВР соопшти дека при претресите во објектите се пронајдени и одземени 50 лаптоп компјутери, 351 мобилен телефонски апарат, 237 СИМ картички, 14 компјутери и 3 ДВР од надзорни камери. Во објектите биле затекнати 16 лица, од кои 11 турски државјани, за кои е известен Секторот за странци, а 3 лица се приведени, со наредба од ОЈО Скопје и изведени пред Јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.