КОЦИЌ : ПРОБЛЕМОТ СО ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ БЕШЕ ИСЦЕНИРАН ОД ВМРО-ДПМНЕ

0
321

Eдинствена цел на техничкиот министер за внатрешни работи е да создаде хаос и дека проблемот за возачките дозволи бил исцениран од ВМРО-ДПМНЕ, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ненад Коциќ.

-Точно е дека парламентарните избори се распишаа, очекуваме дека Македонија ке го продолжи патот кон евроинтеграциите, нема да дозволиме да бидеме опструирани во нашите европски интеграции и дека оваа држава ќе се развива и после изборите на 8 мај како нормална европска демократија. Точно е дека настанаа проблеми околу собраќајните дозволи, меѓутоа тоа не може да влијае на процесот на избори затоа што личните карти се валидни и граѓаните ќе можат да гласаат со личните карти кои што ги имаат.

Проблемот кој што настана со возачките дозволим ислам дека беше намерно исцениран од партијата која како опозиција влезе во техничката влада, со тоа што ние имаме закон донесен 2021 година, кој што предвидуваше замена на возачките дозволи и книшки, до 12.02.2024 година, меѓутоа најавите на претседателот Ковачевски и екс министерот Спасовски дека нема да има казнување за граѓаните кои што не ги смениле, бидејќи тоа се однесува за граѓаните на оваа држава. Иста изјава имаше и сега техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ на 06.02.2024 година, дека нема да бидат казнувани за после неколку дена, во објава од МВР дека граѓаните ке бидат казнувани доколку не направат промена на возачките дозволи, што создаде немир и хаос во општеството, рече Коциќ.