ЖЕСТОКА тепачка на фб меѓу двете режимски куртончиња, Јанко Бурек и Тодор Петров!

0
1776

Тодор Петров жестоко одговори на некои напади кон него искажани од Мирка во Јади Бурек при што ќотекот повеќе го изеде Бурекот отколку Мирка:

МИРКА ЛАЖЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ 2004, ЗА ДРУГОТО САМАТА СИ ЗНАЕ…

(Повод: Инервјуто на Мирка Велиновска во емисијата “Јади бурек“ со Јанко Илковски од 2 декември 2015 година)

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Ретко ги следам емисиите на Јанко Илковски, ретко ги читам и коментарите на Мирка Велиновска. Нема што повеќе од нив да научам, од она што веќе го знам, не ги коментирам, бидејќи немам потреба. Демократијата подразбира, пред се’, разлика во мисла. Гледам реприза само на онаа емисија и го читам само оној коментар, ако некој ми укаже на груба клевета и навреда. Ме потпрашаа пријатели за реакција на делот од интервјуто на Мирка Велиновска во емисијата “Јади бурек“ со Јанко Илковски од 2 декември 2015 година, а во врска со референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа од 7 ноември 2004 година. Го прегледав инсертот од порталот јутуб и решив да одговорам, затоа што изјавата на Мирка Велиновска претставува лага, груба клевета и навреда! Можеби и не заслужува одговор, не ни мислам да се правдам пред нејзе или да ја менувам нејзината перцепција за мене, уште помалку постојам за таа да ме коментира или ако ме пофали. Секој си ја носи главата на своите раменици. Мојата кариера е изградена и вградена во темелите на државноста и не чувствувам потреба од алиби заради нечија критика кон мене од било кои побуди. Ај да дебатирам со некој кој оставил дела зад себе, држи вода, но со политички коментатор по потреба за позиција – опозиција, за Русија – Америка, без дела освен вербализам, нема што да споредувам. Едно време, Јанко Илковски ме клеветеше за руски шпион, денес Мирка Велиновска седи пред него со руски медал, а за која заслуга само Господ знае. Впрочем, да се лаже за настани при живи актери и сведоци, е повеќе од злонамерно. За волја на вистината, јас таков стил немам!

Во елаборацијата на договорот од Пржино, за воспоставување на поредок во кој институциите една по една се откажуваат од своите уставни права, дека формално имаме Уставен суд, но никој не се осмелил да поднесе иницијатива до него за заштита на уставноста, а оние што поднеле си ги повлекле, освен Тодор Петров по дополнение на Јанко Илковски, Мирка Велиновска не ги коментираше иницијативите на Тодор Петров за оценка на уставноста на четири од седум закони според договорот од Пржино и односот на Уставниот суд кон нив, туку ја наврти темата и не’ врати на референдумот од 2004 година, служејќи се само со лаги! Еве што таа поточно рече:

“Тодор Петров уопште не го рачунам, тој е секогаш играч уфрлен. АКО, го води он Македонскиот конгрес. Тоа од порано сум го кажувала, он фактички има улога да упропастува иницијативи! Секогаш кога ќе се појави, он е фактички амортизаторот, ја испумпува енергијата. Така беше и за собирање на потписи за референдумот, ако се сеќаваш. Уопште не собираа. Ја и неколкумина по локалните телевизии идевме и тоа го кажувам вака со сигурност, бидејќи и опклада ставив со британскиот агент овдека што беше задужен за терен, Хенри… И дечкото вика, вие нема да соберете ни 15.000 потписи. Опклада ставив дека за десет дена ќе ги собереме сите и повише. И кога ги собравме со… е овака. Не преку меинстрим. Меинстрим блокира медиуми. По локалните медиуми, не ме мрзеше, патував, од Охрид ги прозвав таквите. Тодор Петров се јави, блокираше фактички. Експозитури тајни за да ти ја исцицуваат енергијата, да ја амортизираат, ништо не превземаат…“

Поради оваа лага и груба клевета, мало потсетување за тие со плитка меморија и со коментари по порачка. Светскиот Македонски Конгрес во јануари 2004 година поднесе иницијатива до Собранието на Македонија за собирање на 150.000 потписи за распишување референдум за Законот за територијалната организација на локалната самоуправа. Мирка Велиновска тогаш абер немаше од референдум. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше информиран со иницијативата за референдумот и од него беше побарана помош. Не е грев барањето помош од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што предлагач на Законот беше СДСМ во коалиција со ДУИ. За жал, во ВМРО-ДПМНЕ се продлабочи расколот меѓу Никола Груевски како претседател и Љубчо Георгиевски како почесен претседател, и ВМРО-ДПМНЕ се откажа од иницијативата за референдумот, се откажа и од помошта. Нивниот став беше дека референдумот е масло на СДСМ, дека не сакаат да трошат време и пари за нешто што нема да успее, дека намерата на СМК е да го навлече на тенок мраз ВМРО-ДПМНЕ со цел дискредитација поради неуспешно спроведена иницијатива за референдум и поради тоа ја откажаа поддршката на иницијативата за референдум. И покрај се’, после атентатот врз Борис Трајковски во февруари 2004 година, СМК на сите јавни собири и на сите меидуми продолжи со агитацијата за собирање на потписите како единствен уставен механизам за елиминација на Законот за новата територијална организација на локалната самоуправа што го предлагаше Владата на СДСМ и ДУИ. Агитиравме кoлку можевме и колку ни дозволуваа можностите, без помош од никого. Откако Љубчо Георгиевски побара заедничка прес конференција со претседателот на СМК за поддршка на референдумот, ВМРО-ДПМНЕ соопшти прифаќање на иницијативата за референдумот. Услов беше Тодор Петров да ја откаже најавената прес-конференција за референдумот со Љубчо Георгиевски. Прес конференцијата ја одржа сам Љубчо Георгиевски, го поддржа референдумот, Тодор Петров не се појави на таа конференција со Љубчо Георгиевски, а ВМРО-ДПМНЕ влезе активно во собирањето на потписите. Откога во кампањата за собирање на потписи влезе и ВМРО-ДПМНЕ, се вклучија и повеќе политички партии и поединци, Либералната партија, Демократскиот сојуз, Социјалистичката партија, Трифун Костовски, Васил Тупурковски, се формира Координативно тело за спроведување на иницијативата за референдум, и се разбира, тоа не е никаква тајна, со активно учество на ВМРО-ДПМНЕ, се собраа не 150.000, потребниот уставен цензус, туку 180.454 потписи во рокот од шест месеци пропишани со Уставот и Закон, од 23 февруари до 23 август 2004 година.

Кампањата се водеше во три каравани, едниот го предводеше ВМРО-ДПМНЕ, другиот Љубчо Георгиевски кој во меѓувреме на 4 јули 2004 година ја оформи ВМРО-Народна партија и третиот Трифун Костовски, на свој начин. Во таа кампања, ВМРО-Народна партија си ги одмеруваше силите со ВМРО-ДПМНЕ, поддршката на референдумот беше наменска, тазе формирана партија. Логистиката ја добивме од Борче Стефановски, градоначалник на општина Гази Баба и од група ентузијасти, млади Македонци, кои на крајот изгубија работни места во државната администрација, меѓу нив Сашко Ристовски. Ја прошетавме Македонија, влеговме во многу села и градови, трибини држевме и на свеќи бидејќи власта ни ја исклучуваше дури и струјата, имавме безброј настапи на локални радио станици и телевизии. За цело време на кампањата, јас, Мирка Велиновска воопшто не ја видов, освен ако била на некоја прес-конференција. Можеби влегла во коментари на некои локални медиуми за поддршка на референдумот, можеби ставила и потпис, што е за почит и благодарност. Ама, нејзиниот коментар дека Тодор Петров ја упропастил иницијативата, дека Тодор Петров го блокирал собирањето на потписите е груба клевета и лага! И бидејќи повторувањето е мајка на знаењето: Мирке, референдумот на 7 ноември 2004 година се организираше по иницијатива на Светскиот Македонски Конгрес, формален организатор на кампањата за референдумот беше Светскиот Македонски Конгрес, независно колку тоа некому се допаѓа или не! Таа вистина и историја не може да се ретушира! Само Тодор Петров на прес-конференцијата на 7 ноември 2004 година во 20.00 часот во прес-салата на хотел Холидеј Инн рече: “СМК како иницијатор за собирање на потписи за распишување на референдум и организатор на кампањата за референдумот, резултатите од Државната изборна комисија ги смета за груб фалсификат на слободно изразената волја на народот и граѓаните. Референдумот за СМК е успешен, благодарност до сите кои во него учествуваа и го дадоа својот глас, со резултатите ќе излеземе дополнително!“ Сите останати соопштија неуспешен референдум и заминаа… За жал, времето ги покажа катастрофалните последици од референдумот.

Да, референдумот и ќе успееше… Претходно бевме договорени да славиме голема победа на плоштадот Македонија, информациите беа, дека сите анализи, дури и на странските разузнувачки служби укажуваат на 90% успешен референдум, и покрај негативната кампања на СДСМ од позиција на Влада под слоганот “Некои прашања не заслужуваат одговор!“ и државниот терор врз граѓаните да се одвратат од гласањето со цел неуспешен референдум. Коментарот на Стојан Андов на 7 ноември 2004 година во 19 часот во хотелот Холидеј Инн беше “Ако прогласиме неуспешен референдум, ние сме политички мртовци!“ И си замина… За жал, за миг, се’ се смени. Некои добија власт, а СМК остана со блокирана сметка до ден денешен, Тодор Петров остана на улица уште пет години без работа… Ќе пишува уште историјата…

Благодарение на референдумот, три дена пред неговото одржување, на 4 ноември 2004 година, САД ја признаа Македонија под нејзиното државно име, со образложение на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс “Ја признавме Македонија под нејзиното државно име за да ги спречиме националистите во организацијата на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа!“ И СДСМ и Сорос, на 6 ноември 2004 година, на денот на молкот, спротивно на закон, поради тоа американско признавање, славеа на плоштадот Македонија во Скопје и во кафаните низ цела Македонија. Со решение на министерот за економија кафаните можеа да работат до рано на сабајле. Образложението за слава, со сугестија народот да не излегува на гласање на 7 ноември 2004 година, беше: “Нема потреба од референдум штом Американците не’ признаа, прашањето за името со Грција е затворено и решено!“ Но, не било баш така…

И во меѓувреме, од 2004 година до денес, СМК не остана со скрстени раце. Во февруари 2007 година поднесе Предлог за донесување на Закон за изменување на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа до Собранието на Македонија со којшто се предлагаше бришење на членот 16 од Законот, односно трајно да останат петте општини Кичево, Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица, а не да се обединат во една општина Кичево во која Македонците го изгубија градот и локалната самоуправа. Собранието не го процесуира предлог-Законот. СМК во март 2012 година поднесе и иницијатива до Уставниот суд на Македонија за укинување на членот 16 од Законот за територијалната организација на локалната самоуправа. За жал, Уставниот суд иницијативата ја отфрли. Прашањето е: А, што сторила Мирка Велиновска за територијалната организација на локалната самоуправа?

Ако Тодор Петров е “упропастувач на иницијативи“ или “амортизатор“, како што алудира Мирка Велиновска, ако Тодор Петров организира “тајни експозитури да ја исцицаат енергијата на народот, да ја амортизираат јавноста и ништо да не превзема“, зошто Мирка Велиновска како совесен граѓанин на оваа земја, самата не поднесе иницијатива за собирање потписи за распишување на референдум за територијалната организација на локалната самоуправа? Арно оти ставила опклада со британски агент, та потписите се собрале за десет дена?! Да не беше трагично ќе беше комично!

Или, ако Тодор Петров упропастува иницијативи, што Мирка Велиновска не поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на законите од договорот од Пржино?

За среќа, вистината е, дека сите иницијативи на Тодор Петров и на Светскиот Македонски Конгрес по најважните национални државни прашања за овие 25 години независност биле успешни и очигледни, за тоа сведочат многу дела во Македонија и меѓу Македонците во светот!

На крај, тешко на партија, ако Мирка Велиновска и’ го спасува угледот и и’ ја крева популарноста. Ама, жената си е во филм и нејзино право е да си го врти, некои и’ веруваат. Мирка Велиновска може што сака да мисли за Тодор Петров, Мирка Велиновска може што сака да пишува за Тодор Петров, се разбира, ако е вистина, ама лагите и клеветите со индигнација ги отфрлам и затоа и одговорот: Мирка лаже за референдумот 2004, а за другото самата си знае!

Патем, во интервју за Радио Илинден од Мелбурн на декември 2010 година Мирка Велиновска говореше и за двојна формула за името, велеше тоа е позиција “кога имате свое име но, поради проблемот со една држава, дозволувате, со ваша дозвола и ваш избор, да си ставите уште едно име или прекар на кој ќе ви стига државната пошта“ и дека “тоа не е ништо драматично или трагично, бидејќи тоа го имале 90% од државите во светот (?!) кои имале дури по две или три имиња“… И така… секој со своето митарење… Времето е сведок на се’ и на сите!

На ова жестоко одовори Јанко Бурек:

Со сета должна почит, со Тодор Петров никогаш ништо не сум имал, ни расправија, ни дебата, уште помалку било каков вид на соработка, дури ни здраво на улица. Едноставно, потполно сум рамнодушен кон него. Рамна линија, меланхолично чувство на безидејност како што го согледувам, како мачка на која и се губи погледот во далечина додека врши нужда.

Ниту сум го коментирал, ниту сум му обрнувал внимание, ниту сум се занимавал со него, неговите постапки, кариера и ставови били и останале потполно непознати и некомнтирани од мене. Но човекот акумулирал, без и да бидам свесен, најверојатно, токму поради моето клиничко игнорирање. Но откако денес внимателно го прочитав текстот кој го објавил, (очигледно во афект), донесов неколку заклучоци.

Прво, ме обвини, пазете, ме обвини мене дека сум го карактеризирал како “руски шпион” … некогаш, некаде, нешто … ма психотички болно … дегутантно и да коментирам, нејсе …

Не ми се веруваше што читав. Но дефинтивно го заклучувам дека се работи за човек со сомнителни, длабоко сомнителни морални вредности кога некој, може вака безочно да лаже. Лага, која, (сега јас имам право да шпекулирам) е резултат на пореметен когнитивен процес со сериозно мантално и ендокрино нарушување на функција на севкупниот негов организам. Наликува на безобличен безрбетник кој за да си даде значење фрла шлајм онаму каде може да му донесе некакво внимание и важност.

Во овој миг две невладини организации имаат дадено лиценца за “стрелба” кон мене во било која форма и облик и секој кој мене лично ќе ме напаѓа по било кој основ без оглед дали тоа има било каква допирна точка со вистината му се одобруваат грантови, добива медиумско внимание, помош и логистика се што треба, тоа се ЛГБТ заедницата и фондацијата Сорос.

Дотичниот ништо од ова нема па најверојатно дека шизофрената рекација на интервјуто на Мирка кај мене и нападот врз неа не беше доволен па најверојатно е да спои корисното со задоволството

Затоа во овој миг се создава групировка околу него од отпадоци како АналИтико и друга ментална стока која се надева дека ќе го поддржи и ќе му биде лукративен потег.

Навистина, овој лик го игнорирав 15 години, колку знам дека егзистира .. и толку знам за него. Ниту коментар, ниту пренесување на вест ништо иако со години ме бомбрадираше во мејлот со соопштенија од неговите активности кои одеа директно во фолдерот спам.

Навистина, потполно бескорисна (и лажлива) креатура на која, еднаш и засекогаш и дадов внимание.

А сега, Кочо, потпишуј налогот за исплата!