ПРЕМИЕРОТ ИМА ГОЛЕМО СРЦЕ – МИ СЕ ЈАВИ ЗА ПРОЧКА И МЕ МОЛЕШЕ ДА МУ ПРОСТАМ : СТАМЕНКОВСКА ТРАЈКОВСКА ВЕЛИ ДЕКА КОВАЧЕВСКИ И СЕ ИЗВИНИЛ, НО НАВРЕДАТА Е ГОЛЕМА

0
663

Пратеничката Бети Стаменковска Трајковска во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер откри дека премиерот Димитар Ковачевски на Прочка ѝ се јавил да ѝ се извини, при што рекол дека станува збор за недоразбирање.

– Телефонски ми се јави Ковачевски да ми се извини на Прочка. Го искористи моментот со празникот, но ме убедуваше дека погрешно сум го разбрала. Многу сум му благодарна на Богдан Илиевски што, благодарение на современата техника, го исчисти звукот токму таму, кога го користи тој погрден збор и јавноста нека му суди. Никогаш не би му простила, а христијански е да простуваме, но навредата е толку голема – изјави Бети Стаменковска Трајковска.

Таа додава дека се почувствувала навредена, но ја погодила и реакцијата на колешките пратенички кои го слушнале тоа и не реагирале.

– Не е само Хелсиншки којшто молчи за оваа ситуација, молчат и многумина други коишто требаше да ја осудат таа работа. Имаме многу невладини и институции, а и неговата партија има Форум на жени – вели Стаменковска Трајковска.Таа вели дека селективноста на државата ни е до тој степен дојдена што не може ова да се нарече демократско општество.