СИРИСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ГО НАПАДНА ЗАПАДОТ : НЕМАТЕ ХУМАНОСТ!

0
508

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска ги обвини западните земји дека ја политизираат хуманитарната криза во Сирија по земјотресот што се случи на 6 февруари.

-Западот нема хуманост, така што политизацијата во Сирија е нешто што природно би го направиле – рече сирискиот претседател, кој разговараше со новинарите во уништената населба Машарка во Алепо.За време на денешната посета, Асад ја посети и болницата во Алепо, а потоа се сретна со спасувачите кои вчера од урнатините извлекоа седум живи луѓе и телата на 44 мртви.

Тедрос Аданом Гебрејесус, директор на Светската здравствена организација и д-р Мајкл Рајан, шеф за итни случаи на СЗО, исто така пристигнаа денеска во Алепо за да помогнат во координацијата и поддршката на испораката на хуманитарна помош.Инаку, сириската Влада одобри испорака на хуманитарна помош до областите кои не се под нејзина контрола.Помошта наскоро ќе пристигне во регионите под контрола на бунтовниците, со помош на Обединетите нации, сириската Црвена полумесечина и Меѓународниот Црвен крст.