РАСЧИСТЕН СЛУЧАЈОТ СО ЗАКАНИТЕ КОН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА, ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА

0
427

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (15.09.2023) ги лишија од слобода С.М. , Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба, кој на 11.09.2023 во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково. Веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и денеска сторителите се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје по брза постапка за кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 ст.4 од КЗ.