РАМО ДО РАМО СО ГРАЃАНИТЕ НА ЧАИР И ЧУЧЕР САНДЕВО : СДСМ ИНВЕСТИРА ВО СЕКОЕ НАСЕЛЕНО МЕСТО, ВМРО-ДПМНЕ ГИ УНАЗАДУВА ОПШТИНИТЕ СО КОИ РАКОВОДИ

0
405

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев заедно со Филип Даскаловски попладнево беше меѓу жителите на општина Чучер Сандево.

Пред присутните Богоев истакна дека СДСМ се грижи за сите граѓани, вложува во секое населено место, додавајќи дека тоа е целосно различен пристап од оној на ВМРО-ДПМНЕ чии што градоначалници ги уназадуваат општините со кои раководат.

– Во време на светска економска криза ги зголемивме платите и пензиите, воведовме авансна исплата на субвенции, вложивме во енергетскиот сектор, ги замрзнавме цените на основните продукти, а што направи ВМРО-ДПМНЕ? Блокираат закони во Собранието, а во општините трошат милиони за партиски вработувања, додека граѓаните плаќаат поскапи услуги. Наместо за граѓаните, работат за лични и бизнис интереси и ги уназадуваат општините. Сите тие можат да учат од нашиот Сашко Комненовиќ кој макотрпно секојдневно работи за неговата општина, решавајќи ги проблемите на секое населено место овде во Чучер Сандево, истакна Богоев.

Во општина Чаир беше претседателот на СДММ Марко Михаилоски кој заедно со Даниела Рендевска се сретнаа со жителите од оваа општина, каде пред присутните ги промовираа мерките и политиките што СДСМ ги преземе пред се за унапредување на квалитетот на живот на младите, со цел тие да останат во своите родни места и тука да ја градат својата иднина.