РАМО ДО РАМО СО ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ И САРАЈ : ЗАЕДНО СО НАРОДОТ ЧЕКОРИМЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА ДРЖАВАТА

0
444

Теренските активности на СДСМ попладнево продолжија во повеќе населен места, рамо до рамо со граѓаните и во скопските општини Карпош и Сарај.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ, заедно со Славица Кутиров оствари средби со граѓаните на Карпош, на кои, пред сé, стана збор за мерките коишто Владата ги донесе за намалување на последиците од светската економска криза, како и за напредокот на државата на европскиот пат.

-Со храбрите и визионерски одлуки на СДСМ државата стана членка на НАТО и по 17 години години во чекалната ги започна преговорите за членство во ЕУ. Сега е време да продолжиме по европскиот пат. Не смееме да дозволиме самите да се блокираме, треба да ги направите сите потребни реформи и измени, со глас за Европа во Собранието да продолжиме заедно. Придобивките од евроинтеграцијата се бројни и во поглед на демократизацијата, финансиската поддршка но и за отворање на пазарите ширум Европа. Ние мора да направиме сé и СДСМ е подготвена да го води овој процес, заедно до народот да продолжи земјата да оди напред и никогаш повеќе да не се врати назад, нагласи Маричиќ.

Маричиќ направи споредба со дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека додека СДСМ посветено работи за државата и народот, ВМРО-ДПМНЕ само нешто блокира, шири лаги и хистерија.

Средби со граѓаните во општина Сарај остварија членот на Извршниот одбор на СДСМ, Никола Рилак и координаторот Коста Начевски, на кои се разговараше за концептот на СДСМ за враќање на парите кај граѓаните, во чии рамки минималната плата се искачи на 20.175 денари, а сите 330.000 пензионери во државата добиваат рекордно зголемување на пензиите.